Tuesday, March 26, 2013

МАШИСКИ ДЕЛ НА КОМПЈУТЕРОТ

Централна единица

Сместена е во метална кутија – куќиште и е составена од :



-Процесор ја има главната задача во компјутерот – врши обработка на податоците.Тој се состои од голем број на електронски кола спакувани во еден чип. Основни составни делови се :
Аритметичко-логичка единица (ги извршува аритметичките и логичките операции при обработката)
Управувачка единица (ја контролира и синхронизира работата на процесорот со работата на другите единици на компјутерот)
Регистри (електронски склопови кои служат за привремено чување на меѓурезултатите при извршување на програмите)

При работата процесорот користи посебни електрични импулси

генерирани со голема брзина од т.н. такт-генератор.

Брзината на генерирање на инпулсите се нарекува фреквенција



-Внатрешна меморија е делот од ценралната единица кој е поделен на :

ROM (Read Only Memory) - Меморија која може само да се чита.

RAM (Random Access Memory) - Меморија од која може да се чита и на која може да се запишува. Со исклучување на компјутерот податоците од оваа меморија се бришат.

Капацитетот на меморијата или способноста да меморира одредено количество податоци се изразува со следните единици:
Бит ( bit ) една 0 или 1 од податоците кои се претставуваат во бинарна форма
Бајт ( byte 1B=8 bit)
Килобајт (1KB= 1024 B)
Мегабајт (1MB= 1024KB)
Гигабајт (1GB= 1024MB)
Терабајт (1TB= 1024GB)







Периферни единици

Според функцијата која ја вршат периферните единици се делат на :



-Влезни единици се единици преку кои човекот ги внесува командите и податоците во облик на текст , звук , слика ,а тие истите ги преведуваат во низа електрични импулси и доставуваат до централната единица на компјутерот.

Влезни единици се:
Тастатура
Глувче
Трекбол
Палка
Светлосно перо
Дигитализатор
Графичка табла
Скенер
Дигитален фотоапарат
Видео камера
Микрофон



- Излезните единици се единици кои ги примаат резултатите од обработката во компјутерот во облик на електрични импулси и истите ги конвертитаат и презентираат во форма разбирлива на корисникот : броеви , текст , слика и звук.

Излезни единици се :
Монитор
Печатач
Цртач
Звучници
Видео проектор



-Влезно - излезни единици се единици кои во еден момент ја вршат функцијата на влезните , а во друг момент на излезните единици.

Влезно – излезни единици се:
Терминал
Модем



Надворешни мемории

Мемориите кои служат за трајно меморирање на податоците и програмите како логички целини запишани со заедничко име - датотеки, се нарекуваат надворешни мемории.

Постојат :
Магнетни( магнетна дискета , магнетен диски, магнетна лента)
Оптички ( компакт диск и дигитален видео диск)
Магнетно-оптички дискови

Основни карактеристики на надворешните мемории се:
Капацитет или големина на меморијата изразена најчесто во мегабајти и гигабајти
Просечно време на пристап – времето потребно да се најде бараниот податок и да се пренесе во внатрешната меморија најчесто изразено во милисекунди.
Начинот на пристап
Директен(магнетните дискови и дискети)
Секвенционален(магнетни ленти и компакт дискови)

No comments:

Post a Comment