-Големи компјутери историски гледано први се појавиле и се користеле, а и денес се користат пред се` во големите организации како унивезитетите , истражувачките институции, војската , државните институции итн.Работат со неколку стотици корисници кои можат да бидат и на поголема оддалеченост од него. За нивно одржување се грижат повеќе стручни лица.
-Мини компјутерите се појавиле во третата генерација на компјутери но и денес имаат слични карактеристики како и големите но , со помали можности. Тие се сместени најчесто во една просторија , а за нив се поврзани повеќе корисници кои не се многу оддалечени од нив и се поврзани со специјални кабли.Со мини компјутерите работи стручно лице – систем инженер.
-Микрокомпјутерите или персоналните компјутери се јавуваат за првпат во 1975 година и до денес се најкористен вид на компјутери.Основна нивна карактеристика ешто се наменети за работа на едно лице.Може да бидат статични ( desktop) и преносни (portable) .
Составни делови на компјутерите
-Машински дел кој го сочинуваат сите физички делови на персоналниот компјутер или т.н хардвер (hardware - железарија ).
-Програмски дел кој го сочинуваат сите програми што ги извршува персоналниот компјутер софтвер ( software - нема конкретно значење , а е изведен од зборот hardware).
No comments:
Post a Comment